Како да го подигнеме имунитетот на нашите деца?

Како што се приближува зима и пролет кај сите мајки се појавува вознемиреност, како да се подготват и да се справат со настинки, грип и отежнато дишење во текот на следните  месеци. За време на студените месеци, сите се собираме во затворени простории - трговски центри, продавници, ресторани, станови каде што шириме и разменуваме бактерии и вируси.

Децата кои посетуваат училишта и градинки исто така се изложени на голем ризик. Бројни интеракции помеѓу нив и површините покриени со бактерии можат да создадат нерамнотежа во организмот. Затоа, мора да сфатиме дека загриженоста е наша да го подготвиме и зајакнеме имунолошкиот систем.

За да се помогне во градењето на имунолошкиот систем, кој е доволно силен за да се справи со овие сериозни болести и предизвици, особено важно е да се спроведат голем број важни чекори и мерки на претпазливост.

Стомачињата на децата со многу чувствителни.

80% од имунолошката активност на децата се јавува кај цревниот тракт.

Како што знаеме, дигестивниот систем содржи над 1000 видови на добри и лоши бактерии. Добри бактерии се природна и долготрајна заштита за здравјето, исклчително важни во цревната микрофлора. Кога во цревната флора имаме нарушување настанува нерамнотежа и дисбаланс целиот организам. Ова е предуслов за започнување на патоген процес.

Меѓутоа, неодамнешната студија спроведена од Cochrane (англиска невладина организација за медицински истражувања) покажа дека  пробиотиците би можеле да помогнат да се спречи појавата на настинка и грип кај децата како и спречување на појава на инфекции. Друго истражување во 2015 година. го потврдува резултатот од ова истражување и потврдува дека  пробиотиците се безопасени за употреба кај деца.

Производите кои содржат ШЕЌЕР исто така можат да имаат штетни ефекти при микробиозата и добрите бактерии кај бебињата.

Студиите покажаа дека дневниот внес на маснотии и шеќер може да го намали бројот на корисни бактерии, додека го поттикнува растот на потенцијално патогените бактерии. Ова е причината зошто пробиотиците, како што е LactoFlor Kids, се важен додаток на менито за дневна исхрана, во текот на целата година.

 

Зошто да користите LactoFlor Kids?

Составот на лактобацили и бифидобактерии со пробиотски својства се избрани во состав на Лактофлор детскиот пробиотикот и се засилени со природни фибрии (олигофруктоза). Кога се администрираат на мали деца, покрај тоа што помагаат за решавање на специфичниот проблем во гастроинтестиналниот тракт, тие можат да помогнат во формирање на здрав состав на бактерии во цревата и да одржат траен баланс во дигестивниот систем на новороденчиња и адолесценти. Како природен регулатор на гастроинтестиналниот состав, тоа е начин за борба против вируси и инфекции, ублажување на нивните симптоми - надуеност, колика, дијареа и многу повеќе.

LactoFlor Kids исто така може да се користи при климатски промени, вода и храна при патувања на децата, за третман со антибиотици, како и за промена на сезоните со цел да се спречи и одржи балансот во стомакот кај бебињата и децата.

8 чекори до подобар имунитет, избегнување на болестите и заштита на организмот

1. Ставете ги во кревет вашите деца во соодветно време наместо доцна во ноќта. Добриот сон промовира раст, го балансира имунолошкиот систем и е важна ментална и физичка пауза за мали деца.

2. Чиста храна и избалансирано мени - најразлично овошје и зеленчук, мешунки и житарици, протеини, здрави јаглени хидрати. Избегнувајте штетни масти и шеќери.

3. Витаминот Д е важен модулатор на имунолошкиот систем. Убаво е да се даде дополнително на децата, затоа што  сега сонцето е ограничено особено во зима

4. Витамин Ц, матичен млеч, ехинацеа - природни додатоци за добро здравје и зголемување на имунитетот

5. Однесете ги своите деца надвор секој ден, без оглед на временските услови. Вака го регулираме и зајакнуваме организмот

6. Бидете активни - Најдете начин да не стагнирате, туку да вклучите движење во вашиот секојдневен живот и  на вашите деца

7. Децата треба да ги мијат рацете многу почесто од возрасните

8. Пробиотик - Давајќи добри бактерии во форма на додатоци, можеме да бидеме сигурни дека нашето дете ја доби вистинската количина, Lactoflor Kids со голем број на различни пробиотски култури збогатен со фибрии дополнително е потврдено дека го зголемува  и зајакнува имунитетот кај децата.

Како родители, сакаме да сториме сé што можеме за да обезбедиме нашите деца да имаат што е можно помалку „болни“ денови.

Грижете се за добрите хигиенски навики, режим што вклучува добро спиење, храна и вежбање, давајте им на вашите деца природни додатоци кои го поддржуваат имунолошкиот систем и бидете сигурни дека тоа што зависи од нас, го направивме

Адреса

Кенди дооел

Адреса:                                                                          
ул. Боро Тодоровиќ 1 , бр.2, П.Ф. 30                             
1000 Скопје
Македонија

Контакт

  • +389 2 3118 140
  • +389 2 3118 140
  • contact@kendy.com.mk

Facebook

Kendy Makedonija © 2020. UKION SHOPS