За Нас
Мисија: Основната идеја на Кенди ДОО е да се понудат квалитетни производи на македонскиот пазар кои ќе допринесат за одржување на човековото здравје. Квалитетот претставува основа, и тоа е идејата, да можеме со сигурност да застанеме позади секоја група на производ со која работиме. Програмата постојано се зголемува во насока на природни,иновативни и специфични производи.
Покрај сопствените брендови , со нашето 25 годишно искуство на пазарот нудиме висококвалитетна услуга на продажба, дистрибуција и управување и развој на производниот бренд.
Застапници сме на :
- Kendy LTD Бугарија - висококвалитетни и безбедни суплементи, витамини и минерали кои се изработуваат по лиценца на Kendy Швајцарија,
- Lactina Ltd-Бугарија една од водечките компании во Европа во својата област - пробиотици и микробиолошки стартер култури за млекарската индустрија.
- Simonex Србија - биоразградливи средства за чистење и дезинфекција врз база на активен кислород.
- Аlcе Nero Италија - органска италијансја храна за целото семејство. Задруга од органски фармери од 1978г, кои произведуваат без употреба на пестициди, хемикалии и конзерванси со цел да се зачува природната плодност на земјата. Едноставни рецепти , од неколку состојки без палмина маст. Сите суровини се од сопствени насади.
- Clochee Полска- природна и органска козметика за лице и тело.
Она на што сме посебно горди е сопственото производство на единствениот МЕДТАРТУФ и палетата на природни функционални производи добиени со иновирани технологии.
Дистрибуција на:
Екстра Фунги Македонија - македонски производи од печурки , замрзнато овошје и зеленчук , замрзнат и свеж вргањ и останати шумски печурки. Сите производи се сертифицирани.
Извор Вадин Доо - сол тузла, хималајска сол