Зацврстувачка маска со уникатен состав од дури 22 хранливи и регенерирачки активни состојки. Кремастата текстура ќе ја подобри хидратацијата, изгледот и виталноста на кожата.
Клучни состојки
Инулин
Природен пребиотик. Ја зајакнува природната заштитна бариера на кожата, има
смирувачко и релаксирачко дејство.
Екстракт од хибискус
Ги зајакнува ѕидовите на крвните садови, ја одржува цврстината на кожата и
кохезијата на епидермисот, има антиоксидантни, смирувачки и хидратантни
својства, го подобрува тенот.
Колаген од акација
Растителен еквивалент на животински колаген. Силно хидрира и ја задржува
водата, ограничувајќи ја нејзината трансепидермална миграција. Ја одржува
цврстината и еластичноста.
Екстракт од женшен
Адаптоген, антиоксиданс, го одложува процесот на стареење и ја подмладува
кожата, го зајакнува имунитетот, ревитализира, го подобрува тенот на сива и
уморна кожа.
Начин на употреба
Нанесете ја маската на исчистена кожа на лицето, вратот и деколтето.
Ноќна маска: нанесете мала количина од производот и оставете да се
апсорбира.
SOS маска: нанесете поголема количина од маската, оставете
ја да делува 15 минути, потоа исплакнете со вода
Дејство
Концентрираната формула на маската обезбедува неопходни биоактивни состојки од
природно потекло. Нејзината свиленкаста и кремаста текстура ѝ дава на кожата
чувство на удобност и олеснување. Една од состојките на маската е емблика –
индиска ајурведска билка со разновидни ефекти која влијае на целокупниот изглед
на кожата. Ги неутрализира негативните ефекти на слободните радикали и го
одложува процесот на стареење. Особено е значаен нејзиниот депигментациски
ефект, благодарение на кој ја осветлува кожата и го подобрува тенот.
Мултифункционалната кокосова вода, пак, помага да се одржи убавиот изглед на кожата,
правилно ја хидрира и регенерира обезбедувајќи есенцијални минерали. Одлична
состојка на маската која обезбедува хранлив ефект е маслото, меѓу кои и маслото
од семки од слива, кое создава невидлив филм на кожата, ја штити од прекумерно
губење на вода од епидермисот и од штетните надворешни фактори. Емолиентот
содржан во производот се карактеризира со висок процент на олеинска и
линолеинска киселина, како и антиоксидантниот витамин Е. Корисниот ефект на
ферментот од калинка ги елиминира штетните бактериски флори и создава заштитна
бариера на површината на кожата во форма на биофилм кој штити од оксидативен
стрес. Маската го содржи и добро познатиот ниацинамид,
кој е одговорен, меѓу другото, за синтеза на колаген, одржување на цврстината и
еластичноста на кожата. Адаптогениот екстракт од сладок корен, пак, има
смирувачко и антиинфламаторно дејство и го намалува формирањето на кожни
промени, што е совршено за нега на комбинирана и мрсна кожа. Исто така ја
зголемува способноста на активните состојки да продрат длабоко во кожата.
Препорачуваме Firming Booster Mask за луѓе кои бараат третман што ја
враќа цврстината и хидратацијата.