Интензивен хидратантен серум 30мл Intensive moistorizing serum Simply Organics
- Шифра:32365
- Достапност:На залиха
Клучни состојки
Хијалуронска киселина со висока молекуларна тежина
Ја задржува влагата во кожата, ја штити од прекумерна загуба на вода.
Екстракт од цвекло
Содржи неколку витамини од групата Б. Има хидратантни, хранливи и смирувачки
својства.
Хијалуронска киселина со ниска молекуларна тежина
Ја зголемува хидратацијата во внатрешните слоеви на кожата.
Начин на употреба
Нанесете го Интензивниот хидратантен серум на кожата на лицето и вратот. Нежно
тапкајте, не тријте. Серумот не е масен производ, па можете да го користите под
кремата. Најдобри
резултати се постигнуваат со редовна употреба на серумот секој ден. Совршена
основа за шминка.
Дејство
Интензивниот хидратантен серум го должи својот спектакуларен ефект на
хијалуронската киселина со висока и ниска молекуларна тежина. Хијалуронската
киселина е хемиско соединение кое природно се наоѓа во човечкото тело. Присутна
е во секој дел од телото, но кожата содржи најголем дел од неа — речиси 56%.
Иако хијалуронската киселина со висока молекуларна тежина не продира во
подлабоките слоеви на кожата, таа создава дисконтиуиран слој на површината,
силно привлекувајќи и врзувајќи вода. Совршено ја хидрира епидермата, ги
измазнува фините линии и го олеснува продирањето на други супстанции низ епидермисот. Хијалуронската киселина со ниска молекуларна тежина ја
зголемува хидратацијата на нивото на надворешните слоеви на кожата.
Интензивниот хидратантен серум се препорачува за секојдневна употреба кај мрсна
и проблематична кожа — обезбедува соодветна хидратација без да ја оптоварува кожата.
Исто така е совршен кога се нанесува под крема кај нормална и
сува кожа.