Идеален за сите типови кожа, SO BREEZY е смирувачки
тонизирачки спреј кој се
грижи за правилното pH на вашата кожа. Атомизерот распрскува нежен слој на
кожата, со што вашето лице веднаш се освежува. SO BREEZY не е само тонизација и
освежување. Тој и негува, благодарение на активните состојки. Во составот ќе
најдете хидролати и екстракти кои ќе се погрижат за хидратација и смирување на
кожата.
Нежниот мирис на спрејот суптилно делува на сетилата, носејќи
момент на релаксација. Смирувачкиот тонизирачки спреј е идеален
производ за финиширање на процесот на чистење и започнување на активната нега.
Клучни состојки
Лаванда хидролат
Ја тонира и смирува кожата. Има смирувачки својства за
црвенило. Исто така е антиоксиданс, заштитувајќи ја кожата од слободни
радикали.
Хидролат од роза
Идеално за сите типови кожа. Смирува и тонира, ја намалува
васкуларната пропустливост, нежно ја затегнува кожата и ги стеснува фоликулите
на влакната.
Алое
Совршено ја хидрира и смирува иритираната кожа. Го смирува
(секое) воспаление и ја регулира функцијата на лојните жлезди.
Начин на употреба
Смирувачкиот тонизирачки спреј користете го наутро и
навечер по чистење и нежно сушење на кожата. Затворете ги очите и испрскајте го
лицето од растојание околу 15 см. SO BREEZY можете да го користите и врз
шминка како освежувачки тоник.